
ФОТО | Брус Вилис и Деми Мур ќе станат дедо и баба
Холивудскиот актер Брус Вилис во март годинава објави дека става крај на својата долгогодишна кариера откако му беше дијагностицирана афазија. Иако неговата состојба само се влошува, неговото семејство го користи секој момент со него и „се надева на чудо“.
Иако, Вилис беше приморан да стави крај на својата актерска кариера поради здравствените проблеми, публиката сè уште ќе може да ужива во некои од неговите нови филмови кои ги снимил пред да се повлече од актерството.
Препорачано
Еден од нив е „Detective Knight: Independence“, а првиот трејлер веќе е објавен.
Станува збор за акционен филм во Брус Вилис, ја игра улогата на детективот Џејмс Најт вклучен во борба против одмаздољубивите служби за итни случаи кои имаат свои вооружени акции на Денот на независноста.
View this post on Instagram
Иако болеста си зема данок, Вилис го користи секој момент да помине со семејство кое наскоро ќе добие нов член. Брус и неговата поранешна сопруга, Деми Мур наскоро ќе станат дедо и баба. Ќерката на Брус, Румер и нејзиното момче Дерек Ричард Томас во вторникот на социјалните мрежи објавија дека го чекаат своето прво бебе.
View this post on Instagram
Парот објави три црно-бели фотографии. Во првата, идниот татко Дерек го бакнува стомакот на Румер, во втората таа дискретно ја покажа нејзината трудничка фигура, а на третата Дерек со голема насмевка на лицето го прегрнува стомакот на својата сакана.
View this post on Instagram
Нејзината мајка, актерката Деми Мур (60) не го криеше својот ентузијазам. Таа веднаш на својот инстаграм – профил сподели фотографии од идните родители.
„Започнува мојата ера на секси луда баба“ – се пошегува Мур.
View this post on Instagram
Бебето ќе биде првото внуче за Мур и Вилис, кои покрај Румер ги имаат и ќерките Талула и Скаут.