Големото финале на Ролан Гарос - Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

ФОТО | Бројни познати личности присуствуваа на големото финале на Ролан Гарос, меѓу кои Дастин Хофман, Фарел Вилијамс и Натали Портман

На стадионот „Филип Шатрие“ во Париз се играше големото финале на Ролан Гарос помеѓу двајца од најдобрите тенисери на денешницата – Јаник Синер и Карлос Алкараз, а овој пат на финалето присуствуваат и голем број познати личности.

Дуелот помеѓу Синер и Алкараз веќе привлече големо внимание, а вчерашното финале во Париз собра бројни познати личности од светот на филмот, музиката и спортот, како и многу други.
Меѓу оние на трибините беа: Дастин Хофман со својата сопруга, актерката Лили Колинс, актерот Жил Лелуш и актерите Адел Егзархопулос и Кловис Корнилак.

Натали Портман – Фото: Zabulon Laurent/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Фарле Вилијамс – Фото: Zabulon Laurent/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Дастин Хофман – Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Спајк Ли – Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Џорџ Расел – Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

На финалето присуствуваа и познатата актерка Натали Портман, како и моделот Џејд Лагард. Пејачот Фарел Вилијамс исто така беше фотографиран на трибините, како и актерот Пјер Најни со неговата сопруга Наташа Ендрус.

Тука беше и легендарниот возач на Формула 1, Џорџ Расел, придружуван од девојката Кармен Монтеро Мундт, а на финалето присуствуваше и познатиот режисер и продуцент Спајк Ли.

Иако Алкараз загуби неколку сета за време на турнирот, неговата супериорност на земјена подлога не беше доведена во прашање, бидејќи минатиот месец ги освои титулите во Монте Карло и Рим, каде што беше подобар од Синнер во финалето.

Петтиот сет од фантастичното финале е во тек. Синнер водеше со 2:0 во сетови, а Алкараз повторно израмни на 2:2 и го доби петтиот, одлучувачки сет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот