
ФОТО | Бритни Спирс пушела и пиела за време на летот во авион, интервенирала полиција
Поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) се огласи на Инстаграм откако американските медиуми објавија дека добила официјално предупредување за несоодветно однесување на приватен лет од Кабо Сан Лукас, Мексико, до Лос Анџелес во четврток.
Препорачано
Britney Spears Defends Odd Plane Behaviorhttps://t.co/eA5JJjgsxj pic.twitter.com/ltEwJ9FztS
— JOJO METHOD (@SlimMethod) May 24, 2025
Според „Пипл“, пејачката консумирала алкохол и запалила цигара за време на летот, што предизвикало загриженост кај членовите на екипажот. Стјуардесите ја предупредиле да ја изгасне цигарата, што таа го направила, но властите биле контактирани за време на летот и ја пречекале по слетувањето во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Потоа пејачката добила официјално предупредување, по што била ослободена без понатамошни последици.
На Инстаграм, пејачката се обиде да ја објасни својата страна од приказната.
„Признавам, пиев вотка за првпат во мојот живот!!! Се колнам, се чувствував толку паметно!! Си реков: „Леле, што е ова?!“ Се чувствував бистро и паметно! И реков: „Ми се пуши цигара толку многу!!!“ Мојот пријател ми стави цигара во уста и ја запали, па си помислив: „Ах, ова е авионот каде што е дозволено пушење!“
Потоа Бритни се извини ако навредила некого, но нагласи дека „секогаш ја ставаат на самиот крај од авионот“.
Таа, исто така, откри дека била убедена дека службениците на аеродромот ја пречекале како „поддршка“, бидејќи, како што вели, „се чувствувала посебно“.
„Стјуардесата ги повика властите затоа што запалив цигара!!! Ме засрами непотребно. Не ме сакаше од моментот кога се качив во авионот! Никој немаше во авионот првите 20 минути, а не ми дозволуваше да станам! Сакав да ги истегнам нозете, но ме натера да седнам. Се однесуваше чудно! Не ми се допадна ниту начинот на кој ми го стави безбедносниот појас – беше како да ми го нарушува личниот простор!“
Заедно со својата објава, Бритни сподели и видео на кое држи шише алкохол додека седи во авион.