
ФОТО | Бракот ѝ стои одлично! Лорен Санчез се омажи за третиот најбогат човек во светот и никогаш не изгледала подобро
Поранешната новинарка Лорен Санчез (55) привлече внимание во елегантен црвен свилен фустан од „Валентино“ додека уживаше во раскошна вечера во Париз со својот сопруг Џеф Безос (61) и неговата посвоена ќерка во неделата навечер.
Препорачано
Лорен, која се омажи за основачот на „Амазон“ пред три месеци, изгледаше беспрекорно во свилен фустан со плисирани детали што ја истакнуваа нејзината фигура. Таа го искомбинира фустанот со црвена чанта со синџир, исто така од „Валентино“, и елегантни потпетици во ист тон, пишува „Дејли мејл“.
Glamorous Lauren Sanchez wears a cleavage boosting silk Valentino dress as she joins husband Jeff Bezos and his daughter for a lavish dinner in Paris https://t.co/6QSTWToG2o
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 5, 2025
Безос, како и обично, избра минималистички изглед – црно одело и темни очила.
Според „Форбс“, Безос е трет најбогат човек во светот (од мај 2025 година) и има три сина и една ќерка со поранешната сопруга Мекензи Скот. Санчез има три деца од претходни врски.
Нивното појавување во Париз доаѓа неколку месеци по нивната гламурозна свадба во Венеција, која светските медиуми ја опишаа како „свадба на векот“.
На ексклузивната свадбена церемонија, одржана на островот Сан Џорџо Маџоре, присуствуваа речиси 200 ВИП гости, меѓу кои сестрите Кардашијан, Опра Винфри, Иванка Трамп, Ашер и Орландо Блум. Раскошната прослава, која наводно чинела околу 20 милиони долари, предизвикала и негодување кај локалните жители поради сообраќајните метежи и безбедносните мерки.
Безос и Санчез се венчаа две години по нивната свршувачка на мегајахтата на Безос вредна 500 милиони долари, а церемонијата беше исклучително приватна, со строга забрана за употреба на мобилни телефони. За време на „свадбената недела“, Лорен го покажа вереничкиот прстен од Лорејн Шварц вреден помеѓу 1,5 и 3 милиони долари, а на свадбените проби носеше фустан од Скијапарели.