Џонатан Ван Нес - Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Брада, долга коса и раскошен фустан „кренаа прашина“ на доделувањето на Златните глобуси

На црвениот тепих за доделувањето на наградите Златен глобус се појави и Џонатан Ван Нес, експертот за дотерување во хит реалното ТВ шоу на Нетфликс. Како и секогаш, тој ги сврте погледите на сите присутни со неговиот смел моден избор, зелен сатенски фустан.

Џонатан Ван Нес – Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Во Лос Анџелес се одржа 82-тото доделување на Златните глобуси, а покрај беспрекорно облечените жени и филмски ѕвезди, прошета и особено добро облечен маж. Имено, Џонатан Ван Нес облече фустан, кој привлече многу погледи.

Џонатан Ван Нес – Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Сатенскиот темнозелен фустан со голи раменици имаше асиметричен крој и ракав кој паѓаше преку едната рака. Фустанот паѓа до подот и се шири во долниот дел, каде што исто така е асиметричен.

Ван Нес се идентификува како небинарно лице и често носи фустани на црвениот тепих, а претходно одговори на бројните негативни коментари за себе нарекувајќи ги „трансфобични“.

Ван Нес досега немаше номинации за наградата Златен глобус, но доби номинации за неколку награди Еми, при што Еми  награда освои во 2023 година за извонредната програма „Queer Eye“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот