
ФОТО | Блејк Лајвли ја рекреиреаше Бритни Спирс: Го носеше легендарниот фустан од 2002 година
Американската актерка Блејк Лајвли ја рекреираше комбинацијата на поп принцезата Бритни Спирс. Актерката пристигна на премиерата на нејзиниот нов филм „I Ends With Us“ во Њујорк облечена во фустанот од Версаче кој Спирс го носеше во 2002 година. Комбинацијата ја комплетираше со светкави потпетици.
Препорачано

– Тоа е нејзиниот вистински фустан – изјави Лајвли за „Пипл“.
– Фустанот треба да биде во Смитсонијан или МЕТ, но тој е на мене и среќна сум поради тоа – додала актерката.
Во интервју за „Entertainment Tonight“, таа откри зошто била инспирирана од винтиџ изгледот на легендарната пејачка.
– Бритни ми значеше многу, особено гледајќи жена која толку напорно работи. Како милениумец, Бритни беше главната причина зошто сакате да блескате и да бидете најшарени – рече таа.

Пред премиерата, актерката на својот Инстаграм ѝ оддаде почит на Бритни Спирс со песната „Everytime“.
– Ултимативната кралица која нè тера сите да сакаме да блеснеме и да пишуваме и споделуваме нашите приказни – започна Лајвли.
Бритни, сите ние милениумците имаме приказна за момент или година кога нè натера да блеснеме. Инспирираш со сила, радост и огромна напорна работа. Ти благодариме за твојот пример и придонес жените да ги раскажуваат своите приказни. Многу сум возбудена за твојот биографски филм и за сѐ што следува – додаде таа.