Блејк Лајвли и Џиџи Хадид / Фото: / INSTAR Images / Profimedia

ФОТО | Блејк Лајвли и Џиџи Хадид облечени како во костими за маскенбал се појавија на премиерата на филмот „Дедпул и Вулверин“

Актерката Блејк Лајвли и манекенката Џиџи Хадид се појавија за премиерата на филмот „Дедпул и Волверин“ во понеделникот во Њујорк.

Тие дојдоа како поддршка и тоа модна, за Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен. Имено, Лајвли и Хадид се појавија во необични модни комбинација налик на костими за маскенбал.

Актерката Лајвли, која со години е во брак со Рејнолдс и заедно имаат четири деца, се одлучи за комбинезон кој потсетува на неговиот костим во филмот.

Фото: no, Credit line: – / INSTAR Images / Profimedia

Според „Пејџ сикс“ се работи за комбинезон од „Версаче“, украсен со црна чипка. Покрај тоа, таа искомбинира чевли со високи потпетици и мала црна чанта која личи на окови. Долгата руса коса ја врза во уредно високо опавче.

Хадид, пак, му оддаде почит на ликот на Џекмен, Волверин, и облече жолта кратка маичка-топ од „Миу Миу“, кој наликува на марама, и го искомбинира со жолто здолниште со низок струк. Што се однесува до накитот, Хадид се одлучи за поголем златен ѓердан и големи алки. Целата комбинација ја комплетира со црни потпетици и жолта чанта.

А главните ѕвезди на филмот? Рејнолдс и Џекмен се одлучија за елегантна и едноставна комбинација, актерите се појавија во црни одела.

Фото: EPA-EFE/OLGA FEDOROVA

Четворицата не пропуштија да се фотографираат заедно, а изгледа многу се забавувале со чудните модни комбинации на Блејк и Хадид.

ВИДЕО | Кејт Мидлтон има рак, принцезата е подложена на хемотерапија

ФОТО | Бела Хадид конечно се огласи за конфликтот меѓу Израел и Хамас: Не можам повеќе да молчам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!