Селена Гомез, Џенифер Анистон и Софија Вергара / Фото: Profimedia

ФОТО | Бисери, дијаманти и деколтеа: Модата на годинашното издание на наградите Еми

Во неделата се одржа 76. издание на американските телевизиски награди Еми, кои важат за телевизиски еквивалент на Оскарите. Многу имиња од телевизиската индустрија, вклучувајќи глумци, режисери и сценаристи, присуствуваа на овој престижен настан, кој се случи во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес.

Оваа година најголемо внимание привлече актерката Џенифер Анистон, која на престижниот настан пристигна во тесен фустан со бисери. Според модните критичари, најголемо внимание привлече актерката Џенифер Анистон, која пристигна во тесен фустан со бисери, кој го искомбинира со едноставен накит.

Анистон беше номинирана за најдобра женска улога во серијата „Утринската емисија“ („The Morning Show“).

Џенифер Анистон / Фото: Frazer Harrison / Getty images / Profimedia

Младата актерка Селена Гомез ги истакна своите облини во тесен црн фустан со сребрени детали. Комбинацијата ја надополни со дијамантски накит, а косата ѝ беше пуштена надолу.

Гомез ја има главната улога во „Само убиства во зградата“ („Only Murders in the Building“), која беше номинирана за најдобра хумористична серија.

Селена Гомез / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Завидна фигура покажа и Софија Вергара, која се појави во црвен фустан со длабоко деколте, дополнето со едноставен накит.

Таа беше номинирана за својата улога во серијата „Гризелда“ („Griselda“).

Софија Вергара / Фото: Michael TRAN / AFP / Profimedia

Меѓу најдобро облечените на годинашните награди Еми беше и Дакота Фенинг, која пристигна во златен фустан со бисери како детали.

Актерката беше номинирана во категоријата најдобра споредна женска улога во серијата „Рипли“ („Ripley“).

Дакота Фенинг / Фото: John Salangsang / Shutterstock Editorial / Profimedia

Многу познати дами се одлучија за црни модни комбинации. Меѓу нив беше и познатата Рис Витерспун, која носеше црн фустан од тул украсен со бел цветен дезен.

Рис Витерспун / Фото: Michael TRAN / AFP / Profimedia

Џилијан Андерсон, Ела Пернел и Никола Кофлан се одлучија за сребрени фустани, додека Кристен Виг и Кендис Берген носеа златни креации.

Џилијан Андерсон и Кристин Виг / Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот