
ФОТО | Бела Хадид ѝ го честиташе роденденот на Џиџи со фотографии од детството кои трогнаа многумина
Познатата манекенка Бела Хадид неодамна на својот Инстаграм профил сподели емотивна објава посветена на нејзината сестра Џиџи, по повод нејзиниот 30-ти роденден. Помеѓу многуте фотографии кои ги објави, особено се истакнаа оние од нејзиното детство.
Препорачано
Објавата доаѓа набргу откако Бела ја загрижи јавноста со својот променет изглед додека снимаше нов проект. Како што пренесуваат странските медиуми, многу луѓе не биле веднаш препознатливи на старите фотографии, особено Бела.
View this post on Instagram
Објавата прикажува различни фази од нивниот живот – од раѓањето на Бела до неодамнешните заеднички моменти, вклучително и фотографии на кои позираат со ќерката на Џиџи, Каи.
“Не можам да верувам дека сме неразделни толку долго. Имам многу среќа! Среќен 30-ти роденден на мојата пријателка, мојата мила сестра…” напиша Бела на почетокот на објавата.
Потоа, таа ѝ се заблагодари за сè што ја научила, за љубовта и мотивацијата што ѝ ја давала во текот на животот, со пофални зборови за нејзината забавнаа, креативна и грижлива природа.
„Имаш златно срце, секогаш си внимателна кон другите, но и верна на себе. Ме научи толку многу за тоа како да останам верна на себе во свет кој постојано ни кажува какви треба да бидеме. Тоа е подарокот што најмногу го ценам од тебе. Ти благодарам мама Јоланда што ми ја даде мојата прва најдобра пријателка и ти благодарам, Џиџи, што ја донесе мојата најнова најдобра пријателка на светот! Јас сум најсреќното девојче затоа што сум твојата помлада сестра. Дури и да можев да бирам, не би можела да бирам подобар од тебе.“, рече Бела.
Џиџи Хадид е најстарото од трите деца на Јоланда Хадид и нејзиниот поранешен сопруг Мохамед Хадид. Покрај Џиџи и Бела, парот го има и синот Анвар.