
ФОТО: Бејл го прогнозира точниот резултат на финалето во ЛШ меѓу Реал и Дортмунд
В сабота од 21.00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе се игра финалето во фудбалската Лига на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Препорачано
Шпанскиот клуб ја има фаворитската улога, но тренерот на „Кралевите“ Карло Анчелоти не размислува така и дека неговите играчи треба максимално сериозно да го сфатат германскиот предизвик.
Сите погледи се насочени кон утрешниот дуел кој ќе го следи и поранешниот фудбалер на Реал, Герет Бејл.
Велшанецот нема дилеми околу тоа кој би требало да ја освои европската титула, дури и го прогнозира точниот резултат, 3:0 победа на Реал Мадрид.
– Сè уште го сакам Реал Мадрид, сè уште навивам за нив, исто како што правев кога бев млад. Ова никогаш нема да се промени. Целосно очекувам Реал Мадрид да го подигне трофејот во ЛШ. Ги разбираат притисоците и знаат што да очекуваат, што е голем плус – вели Бејл.
Во својата професионална кариера Бејл со Реал пет пати доаѓаше до пехарот во Лигата на шампионите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5