
ФОТО | Бастијан со атрактивната Бугарка ужива во луксузна хациенда на Мајорка: Неодамна купил и брод
Главна тема на сите регионални и светски медиуми во претходниот период е пропаѓањето на деветгодишниот брак помеѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер.
Препорачано
Ова се должеше, пред сè, на тајната врска на поранешниот германски фудбалер со Естер Седлачек, а потоа и на шокантната афера со Бугарката Силва Капитанов.
Дека на бракот на Ана и Бастијан и дефинитивно му е ставен крај, потврди и адвокатот на поранешната српска тенисерка, а како што се наведува, причината се таканаречените непомирливи разлики помеѓу сопружниците.
Како што пишува српски „Курир“, од нивни добро информирани извори се дознало дека Швајнштајгер од неодамна живее во изнајмена хациенда на брегот на Мајорка со атрактивна Бугарка. Се наведува и дека тој ја изнајмува оваа луксузна недвижност за 50.000 евра месечно.
Како што пишуваат понатаму, Бастијан неодамна купил нова едрилица, за која потрошил дури три милиони евра.
Очевидци зборуваат дека Бастијан и Силва се однесуваат како вљубени тинејџери. Всушност, неодамна беа уловени во страсна прегратка на плажа во Грција.
– Она што го гледате овде е неговата нова едрилица, која плови под германското знаме. Тој ја купи на врвот на аферата со Силва. Кога не се во хациендата, поминуваат време на неа и крстарат по морето. Се сончаат на палубата, се бакнуваат и се однесуваат како вљубени тинејџери. Изненаден сум што не беа откриени претходно, воопшто не им беше гајле што Бастијан сè уште беше во брак. Сега во моментот не се тука, отидоа во Грција бидејќи постојано се под лупа на јавноста. Но, да беа тука, сигурно ќе ги фатеа на едрилицата. Сите овде знаат дека е негова – заклучува изворот на гореспоменатиот весник.
ФОТО | Се појавија жешки фотографии од Бастијан со Бугарката Силва: Не се разделува од неа