
ФОТО | Барак и Мишел Обама ставија крај на гласините за разводот: Прв пат по 6 месеци, се појавија заедно во јавноста
Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел беа фотографирани заедно прв пат по шест месеци. Последен пат беа видени во декември 2024 година, што придонесе гласините за нивната разделба да станат сѐ „погласни“.
Препорачано
Барак и Мишел Обама беа видени во добро расположение. Тие беа фотографирани како го напуштаат ресторанот на хотелот „Лоуел“ во Њујорк со нивната ќерка, каде што вечераа по претстава на Бродвеј, со што на некој начин ги негираа гласините за нивните несогласувања и развод, а кои започнаа кога Мишел не беше видена на јавни настани, во придружба на сопругот. Таа не беше со Барак на погребот на поранешниот американски претседател Џими Картер, а потоа не беше ниту на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

Потоа се појави веста за наводната афера на Барак со актерката Џенифер Анистон, како и неговата повремена интимна врска со неговата поранешна девојка, Шила Мијоши Џегер. Мишел зборуваше за ова во поткастот „IMO“ во разговор со нејзиниот брат Крег Робинсон.
„Тој многу се промени во 30 години брак, но мораше да се адаптира“, објасни таа.
Меѓу другите проблеми, таа го наведе доцнењето на Барак, бидејќи тој често доцнел бидејќи одел во тоалет или правел други работи пред да одат на заеднички настани. Таа редовно морала да го потсетува за времето.
Барак Обама проговори за брачната криза со Мишел: „Се обидувам да се извадам така што…“