
ФОТО | Бакингемската палата во паника: Кралското семејство стравува дека принцот Хари подготвува нов „удар“
Британскиот принц Хари (40) често го следат скандали, драми и негативни наслови. Најмладиот син на кралот Чарлс (76) повторно предизвика голема „врева“ во јавноста.
Препорачано
Имено, во жестоко дебатираната автобиографија на принцот Хари, тој немаше недостиг од можности да ја каже својата вистина. Токму затоа палатата сега повотрно е загрижена дека она што се случува внатре може да излезе во јавноста. Палатата стравува дека принцот Хари подготвува втора книга-бомба за да ги уништи членовите на кралското семејство.
If this is the case, then the traitor can also add blackmailer to his unscrupulous traits.
Palace fears Prince Harry is plotting second bombshell book to blast royals – The Sun https://t.co/VFLKngCo3d
— Olga (@Olga03713154) April 12, 2025
Дали принцот Хари ќе открива нови детали?
Постои огромна загриженост дека Хари би можел да открие многу од неговите тајни во книга или дури да го следи примерот на Меган и да направи свој поткаст.
Причината за овој страв наводно е исходот од тековниот судски случај, на кој помладиот брат на принцот Вилијам (42) морал да присуствува на 8 април во Лондон.
Royals ‘worried Prince Harry will share explosive secrets’ in second bookhttps://t.co/Cwxtu6RSXx pic.twitter.com/6zTJuklYiu
— MirrorUSNews (@MirrorUSNews) April 14, 2025
Принцот Хари се бори за своето право на полициска заштита финансирана од даночните обврзници. Ова му беше одземено кога престана да биде член на кралското семејство, односно од 2020 година кога тој и неговото семејство се преселија во САД. А тоа што остана без заштита многу го вознемири таткото на две деца, како што сега повторно нагласил.
„Тој посочи дека открил тајни за време на сослушувањето, особено за односот кон него и Меган, а јавноста би била шокирана доколку сè излезе на виделина“, објавил изворот за принцот Хари, додавајќи: „Во основа тоа е прикриена закана дека ќе каже сè што знае ако работите не одат како што треба“.