
ФОТО | Атиџе и германскиот претседател Штајнмајер си разменија тегли со мед
Хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова е жена од која многу може да се научи, а нејзината порака и животно мото: „Половина мед за мене, половина мед за пчелите“ ќе остане врежано засекогаш во нашите сеќавања.
Препорачано
За искреното пријателство Атиџе и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати. Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот, а двете дами го користеа секој слободен момент да го поминат заедно.

Вчера, Атиџе, на покана од претседателот Пендаровки заедно со дел екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ имаше прилика да се запознае со германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер кој е дојден на дводневната официјална посета на нашата земја.
„Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат”, му ја објасни Атиџе својата врска со пчелите на германскиот претседател, пренесува „Дојче веле“.
Штајнмајер на Муратова ѝ подари мед од негово производство од замокот Берлин.

Сузана на својот Фејбук сподели и како поминала средбата со германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер.
„Атиџе Муратова – хероината од „Медена земја“, денес со многу емоции му раскажуваше на германскиот Претседател Франк – Валтер Штајнмаер како од малечка, штитејќи се од пчелите била принудена да го научи нивниот јазик за да може да стане успешна пчеларка, а тој воодушевено ја слушаше и и поставуваше многу прашања за медот, Бекирлија и нејзиното семејство. Задоволството денеска беше и мое, затоа што ја имав таа чест да ги обојам нашето и нивното знаме на теглата со мед која нему му ја подари Атиџе и да му го насликам и подарам единствениот камен кој неодамна си го понесов од Бекирлија. Патем, заеднички му подаривме и од нашиот албум- „Пола тебе – Пола мене“ и торба со портретот на Атиџе, изработен од уметникот Саше Милевски“ – напиша Сузана во објавата споделувајќи фотографии од средбата.
Сузана се погрижи за изгледот на теглата со мед, чиј капак беше украсен во боите на македонското и германското знаме. Исто така германскиот претседател доби подарок од Сузе, и тоа рачно насликан камен од Бекирлија.