
ФОТО | Ана Николиќ ја прозва Меланија Трамп: Пејачката со фотографија ѝ упати едно прашање на првата дама на Америка
Српската пејачка Ана Николиќ не престанува да ја изненадува јавноста и своите следбеници со интересни, а неретко и шокантни објави на социјалната мрежа Инстаграм.
Препорачано
По нејзините бројни објави со необични стајлинзи, но и шпекулациите дека таа и нејзиниот партнер Горан Ратковиќ Рале наскоро ќе се венчаат, пејачката продолжува да интригира.
Ана сега на својот инстаграм-профил објави фотографија од својот несекојдневен стајлинг, со многу впечатлива порака.
Николиќ позирала во костум со зебра принт и со чанта во рацете, а целиот изглед го заокружила со бели очила за сонце.
Под објавата стоел интересен опис на фотографијата, односно прашањето: „Која Меланија?“.
Оваа порака директно алудира на неодамна одржаната инаугурација на претседателот на Америка Доналд Трамп, кајде вниманието на јавноста го пленеше неговата сопруга Меланија Трамп со својот беспрекорен изглед.
Бидејќи Меланија Трамп привлече големо внимание на неодамнешната инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп, чиј шешир го украде шоуто, Ана Николиќ одлучила да покаже дека има и такви кои ја „надраснале“ и дека сега нејзиниот стајлинг сигурно ќе го украде целото внимание.
Да потсетиме, по многу турбуленции, расправии и помирувања со партнерот, вљубената двојка наводно неодамна донела одлука да ја крунисаат љубовта со брак откако ги решиле сите несогласувања.