
ФОТО | Ана Ивановиќ и љубовницата на Бастијан се сретнаа лице в лице пред училиштето: Бугарката Силва била во тесен краток фустан
Поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ, се сретна лице в лице со наводната нова девојка на Бастијан, Силва, ни помалку ни повеќе пред училиштето на нивните деца.
Препорачано
Според германски „Билд“, Ана и Силва се појавиле пред престижно меѓународно училиште на Мајорка, каде што учат деца од бројни познати семејства, за да ги земат своите најмали.
Ana Ivanović i Švajnijeva švalerka oči u oči! pic.twitter.com/zLwaifrpC2
— sportsscandals (@sportsscandals1) June 11, 2025
Како што е прикажано на ексклузивните фотографии објавени на порталот „Билд“, двете се криеле зад темни очила, но нивните комбинации биле сосема спротивни. Додека Ана останала верна на себе, во спортска комбинација, Силва се појавила во тесен краток фустан, кој ги истакнувал нејзините облини.
Да ве потсетиме дека Ана и Бастијан важеа за еден од најхармоничните спортски парови, сè додека веста за нивниот развод не ја шокираше јавноста.
Швајнштајгер, всушност, беше фотографиран на Мајорка во друштво на жена за која се тврди дека е негова нова партнерка.
Имено, угледниот германски „Билд“ објави фотографии и видеа на кои се гледа како Швајнштајгер и русокосата се држат за раце, се бакнуваат и уживаат во заедничките моменти на плажа.
— sportsscandals (@sportsscandals1) June 6, 2025
Инаку, Силва е Бугарка, мајка на две деца и поранешна инфлуенсерка позната по промовирање на фитнес програми за жени кои штотуку се породиле.
Иако ниту Ана ниту Бастијан не откриваат детали за раскинувањето во јавноста, се чини дека работите стануваат сè покомплицирани зад сцената.
– Бастијан го поминува секој момент со неа, се запознале на Мајорка. Нејзините деца одат во истото училиште како и децата на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ. Таму поранешниот фудбалер ја запознал Силва. Во еден момент се зближиле, а неколку месеци подоцна, Бастијан и Ана раскинале – рекол близок извор во интервју за „Билд“.
ВИДЕО | По гласините за разводот: Прво јавно соочување на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер