Фото: Профимедиа

ФОТО | Актерката Алиса Милано одлучи да ги отстрани силиконските импланти од градите: „Сега конечно сум слободна“

Американската актерка Алиса Милано (52) одлучи да ги отстрани силиконските импланти за гради и ја сподели својата одлука со јавноста преку Инстаграм. Заедно со фотографија во болничка облека, таа објасни дека тоа е „ослободување на тело кое било сексуализирано и злоупотребено“.

„Денес се откажувам од овие лажни наративи, делови од себе кои никогаш не биле вистински мои“, напиша Милано, заблагодарувајќи му се и на својот пластичен хирург Тим Невин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alyssa Milano (@milano_alyssa)

Актерката објасни дека со години верувала дека ѝ се потребни импланти за да биде привлечна, сакана и успешна.

„Се откажувам од тело кое беше сексуализирано, кое беше злоупотребено, за кое мислев дека ми е потребно за да бидам привлечна, сакана, успешна и среќна. Правејќи го тоа, се надевам дека ќе ја ослободам мојата ќерка Бела од чувството дека мора да исполнува такви нездрави барања“, напиша таа, осврнувајќи се на нејзината 11-годишна ќерка Елизабет, која ја има со сопругот Дејвид Буљари, заедно со нејзиниот 14-годишен син Мило.

Иако отстранувањето на имплантите беше вистинскиот избор за неа, таа нагласи дека тоа не значи дека секоја жена треба да го стори истото.

„Сакам да бидам јасна – многу жени наоѓаат слобода и убавина во изборот на импланти. Она што за мене е лажна приказна, можеби е токму вистинската работа за нив. И тоа е прекрасно – секоја од нас заслужува да најде женственост и мир под свои услови“, напиша таа.

Милано, исто така, откри дека на овој чекор била инспирирана од пејачката и телевизиска ѕвезда Мишел Висаж, позната од серијата „RuPaul’s Drag Race“.

Висаж отворено зборуваше за своето искуство со отстранувањето на имплантите откако ѝ беше дијагностицирана Хашимотова болест, истакнувајќи дека одлуката ѝ помогнала да го врати здравјето и контролата врз својот живот. „Нејзината искреност ми олесни мене и на многу други да го пронајдат својот пат“, напиша Милано.

„Денес сум сакана, женствена, привлечна и успешна“, рече таа. „Ништо од тоа нема врска со имплантите. Сè уште сум сето тоа и ќе бидам дури и кога ќе ги нема. Има толку многу радост и слобода во тоа сознание.“

Таа ја заврши објавата со моќна порака: „Денес јас сум моето автентично јас. Денес сум слободна.“

Нејзината блиска пријателка, актерката Кристин Лакин, се вклучи во коментарите: „Секогаш ме инспирираш споделувајќи ја твојата приказна и твоето патување. Храбро го избираш она што е автентично за тебе и правејќи го тоа, ги инспирираш другите.“

Поранешната моделка на „Плејбој“, Самер Алтис, исто така ја изрази својата поддршка: „И јас вчера поминав низ истото. Навистина ми требаше да го слушнам ова. Ти благодарам.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот