ФОТО | Адријана Лима за критиките дека се оперирала: Немам 16 години, ја прифаќам својата возраст и нема да се сменам за никого

Фото: Инстаграм/„Харперс базар“

Бразилската манекенка Адријана Лима (42) ја краси насловната страница на декемврискиот број на арапското издание на списанието „Харперс базар“.

При разговорот со новинарката Девиндер Бејнс, Лима ги искоментира негативните критики за нејзиниот изглед и потенцираше дека тие не ја обесхрабруваат да ја продолжи својата кариера во модната индустрија.

Манекенката доби многу критики за изгледот на премиерата на „Игри на гладните: балада за песнопојки и змии“) („The Hunger Games: The Ballad Of Songbirds & Snakes“). Многумина коментираа дека Лима има направено естетски корекции на лицето и дека изгледа отечено.

Како одговор на нивните критики, таа објави своја фотографија на која нема шминка и напиша: „Ова е лице на уморна мајка на една тинејџерка, две деца во предтинејџерски години, едно активно момче и едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња. Благодарам за загриженоста“.

Фото: Xavier Collin/Image Press Agency / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Mанекенката вели дека критиките не ѝ пречат.

„Воопшто не ме засегнува. Така сум многу силна. Искрено, пред да се појавам, се погледнав себеси и се чувствував одлично. Бев со моите деца и тие ме гледаа и ми велеа дека изгледам убаво“, рекла таа.

Фото: Инстаграм/„Харперс базар“

Но, Лима признава дека била изненадена од тоа како изгледала на фотограгфиите.

„Бев шокирана кога ги видов. Тоа не бев јас. Сè беше чудно, бидејќи јас не се гледав така себеси. Сè уште не се гледам така себеси. Не се навредив или нешто, туку се смеев. Мојата поента е дека немам 16 години. Станав модел на 16 години, но никогаш повторно нема да имам 16. Имам 42 години и никогаш не сум била посреќна за мене. Ја прифаќам мојата возраст и не би се променила за никого.

Мојата загриженост не е за мене, туку за моите деца, бидејќи беа со мене, ме видоа и потоа излезе ова. Не сакам тие да чувствуваат притисок да изгледаат на одреден начин поради другите луѓе. Ако тоа ми го направија мене, како тие ќе се чувствуваат сигурно? Вистината е дека мислам дека никој не е безбеден, бидејќи луѓето секогаш критикуваат“, рекла манекенката.

ФОТО | Адријана Лима во провокативно издание на фестивалот во Венеција: Достоинствено ги истакна облините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот