
ФОТО | Адел, која моментално е на пауза од музичката кариера, ужива со вереникот: По долго време видени заедно на состанок
Пејачката Адел (36) и нејзиниот вереник, спортскиот агент Рич Пол (44), отишле на состанок на кошаркарски натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс, пренесува „Пејџ сикс“. Двојката изгледаше расположено, а пејачката за оваа пригода облече сив фустан кој го надополни со беж јакна и златен накит, додека Пол носеше црна маица со долги ракави и бела бејзбол капа.
Препорачано
courtside glimpse of adele at tonight’s game and i missed her! pic.twitter.com/nbukOpi2Xr
— yana (@idrinkglory) April 20, 2025
Инаку, Адел сѐ уште е на пауза од музичката кариера.
„Нема да ме гледате уште многу, многу долго, но ќе ве чувам во моето срце цело време. Последните седум години градев нов живот – и сега сакам да го живеам. Сакам да го живеам овој нов живот што го создавав“, рече пејачката за време на настапот во Германија.
Adele always there to serve face card and outfit pic.twitter.com/MJWvMQ98kF
— juIia ❦ メ𝟶 (@rosesforwIne) April 20, 2025
Последен пат Адел настапи во ноември 2024 година, кога ја заврши серијата настапи во Лас Вегас наречена „Викенд со Адел“. Тогаш пејачката, која веќе го има синот Ангел, искрено проговори за нејзината желба да има дете со Пол откако ќе заврши со настапите во Лас Вегас.
Двојката првпат беше поврзана во јули 2021 година, кога беа видени заедно на финалето на НБА. Веќе следната година, Адел дополнително ги подгреа гласините кога носеше огромен дијамантски прстен на Британските музички награди.
Адел ја потврди свршувачката со Пол дури во август 2024 година за време на настапот во Германија.
„Не можам да се омажам за тебе бидејќи веќе сум верена, па не можам“, му рекла на еден обожавател, одбивајќи го неговиот предлог и го покажала вереничкиот прстен.