Марија Шерифовиќ / Фото: Инстаграм / serifovic

ФОТО | „8 март конечно има смисла“: Марија Шерифовќ ја доби првата црвена роза и балон во форма на срце од својот син Марио

Марија Шерифовиќ секој слободен момент го поминува со својот син Марио, а заедничките моменти често ги споделува на социјалните мрежи. Така и овој пат, пејачката објави фотографија од семејниот дом на која се гледа како силно го гушка својот син кој за овој посебен ден и подарил црвена роза и балон во форма на срце.

8 Март конечно има смисла. Мојот најубав живот, моето најмило сонце, мило мое, моето најубаво момче, моето зелено око – те сакам до неистражените галаксии“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Да потсетиме, Марија неодамна раскажа како се чувствувала кога станала мајка и кога Марио дошол на свет:

– Не спиев два дена и две ноќи. Во два часот по полноќ се спакувавме и се упативме кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a Wonderful World“. Ми се чини дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа вечер. Дека ѕвездите никогаш не светеле посилно. Тргнавме да ти посакаме добредојде на светот, малечок мој, најубав. Ме прашуваат синко, дали мојот живот се промени? И не знам ни како да им објаснам колку е променет … Не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители … И не ми останува ништо друго освен да се прашувам до последниот ден што направив за да те заслужам тебе, таква совршена личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот