Фото: EPA-EFE/CHIP SOMODEVILLA / POOL

ФОТО | Ѝ го простија „скандалот“ на инаугурацијата на Доналд Трамп откако се појави во најубавиот златен фустан на балот

Лорен Санчез неодамна ги „разочара“ сите со своето појавување на инаугурацијата на Доналд Трамп, но подоцна успеа да се искупи и да го покаже својот најдобар моден изглед.

Свршеницата на милијардерот Џеф Безос, во фустан од бајките, успеа да ја „поправи“ грешката од модниот пропуст и на балот на Трам се појави во совршен златен фустан.

Лорен избра елегантен модел во златна нијанса. Иако и овој модел имаше шлиц на страна, сите се согласија дека таа е далеку поскромна отколку на самата инаугурација, кога под сакото ѝ ѕиркаше белиот градник од тантела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

„Прекрасна си“, „Овој фустан е сè“, „Ти си златна девојка“, беа само дел од коментарите под објавата на убавата свршеница на Безос.

Инаку, долго време се шушкаше дека Лорен и Џеф ќе го кажат судбоносното „да“ на крајот на минатата година на раскошна церемонија, но набргу потоа се огласи и милијардерот. Тој веднаш ги демантираше сите гласини и им порача на луѓето да не веруваат во се што ќе прочитаат.

ФОТО | „Жената мисли дека е во ноќен клуб?“: Лорен Санчез во провокативна облека на инаугурацијата на Доналд Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот