Фонд од 2,5 милиони евра за македонски проекти за учење преку работа и дуален модел на образование

Онлајн настава. / Фото: МИА
Регионалниот фонд за предизвици, на денешната Национална конференција го претстави првиот повик за поддршка на инвестиции во учење преку работа и дуален модел на образование, во износ од 150.000 до 600.000 евра.
–  Истражувањата на Министерството за образование и наука и Стопанската комора на Македонија покажуваат дека дури 85 отсто од компаниите се заинтересирани да ги отворат вратите за пракса на учениците од стручните училишта. Фондот за регионални предизвици преку финансиската поддршка ќе воспостави нова динамика и нов поинтензивен начин на соработка меѓу компаниите и стручните училишта. Самото опремување на училиштата ќе значи продлабочување на можностите за создавање квалитетен и вработлив стручен кадар, затоа сметам дека е многу значајно училиштата и компаниите да аплицираат за финансиска поддршка од Фондот, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.
Фондот, како што беше истакнато на Конференцијата, има за цел зајакнување на квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образовани што се спроведуваат преку партнерства меѓу центри за стручна обука и компании.
– Целта на РФП е преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образование да го зајакнеме квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку промовирање на партнерства помеѓу институтите за стручна обука и компаниите. Првиот повик за аплицирање е веќе активен и ги поканувам сите заинтересирани да се пријават. Информациите за процесот за аплицирање и критериумите за селекција се достапни на веб страната на Фондот но дополнително ќе организираме и инфосесии со заинтересираните училишта и компании со цел да ги водиме низ процесот на апликација, нагласи рече Фридер Верман раководител на тимот на Единицата за управување со фондови во Регионален фонд за предизвици.
Регионалниот фонд за предизвици, како што посочија на Конференцијата,  е уникатен инструмент за финансирање, дизајниран да ја зголеми вработливоста на завршените ученици со СОО, а вооедно да ја засили продуктивноста и конкурентноста на компаниите.
– Многу ја цениме тековната иницијатива на министерката Царовска за унапредување на дијалогот помеѓу институциите за СОО и компаниите, со неколку настани поддржани од швајцарската Амбасада. Како придонес кон овие напори, Германија ја воспоставува оваа нова иницијатива, Регионален фонд за предизвици, која има за цел да ги поддржи училиштата и компаните во областа на стручното образование и обука за да го подобрат стручното образование и да ја подобрат практичната обука со цел да се прилагодат на бараните вештини на трудот пазар и да им се даде на младите ветувачка шанса за подобра иднина, потенцираше амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн.
Стопанските комори, како што беше наведено на Конференцијата, ќе имаат значајна улога во поттикнувањето на компаниите да формираат конзорциуми со средни училишта, високи стручни училишта и факултети за да аплицираат за средствата на Фондот и заеднички да формираат центри за обука, да опремат лаборатории и работилници, што ќе им овозможи на учениците да се запознаат за време на обуката со машини, опрема, алатки и технологии со кои се работи во реална работна средина и со кои ќе работат подоцна кога ќе се вработат.
– Стопанската комора на Македонија веќе го има нотирано недостатокот на кадар со практично искуство и знаење, поради што сметаме дека РФП со предвидените 2,5 милиони евра финансиска поддршка за проекти за учење преку работа и дуален модел на образование во нашата земја, ќе биде значаен инструмент кој ќе придонесе за обезбедување на стручен кадровски потенцијал со релевантни вештини и спремни за работа во напредни технолошки процеси. Фокусот на практичната обука ќе придонесе за зголемување на можностите за вработување и намалување на стапката на невработеност, изјави извршната директорка на Стопанска комора на Македонија Билјана Пеева-Ѓуриќ.
Фондот претставува можност за финансирање на проекти со кои ќе се подигне квалитетот на стручното образование и да го усогласи со потребите на пазарите на труд во регионот, а компаниите и давателите на стручна едукација и обука соодветно ќе се подготват за времето што следува по пандемијата.
Повикот за изразување интерес е објавен на https://rcf-wb6.org/и ќе биде отворен до 30 април 2021 година. Апликациите се отворени за конзорциуми од шесте економии од Западен Балкан, составени од еден институт за стручна обука и најмалку две компании
Фондот за регионални предизвици е нова програма која се стреми да ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан 6. РЦФ е поддржан од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку КФВ Германската банка за развој и е спроведен од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот.
Регионалниот фонд за предизвици (РФП) е овластен од страна на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и делегиран на Развојната банка KfW, а се извршува преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, (ЗБ6-КИФ). Поддршката што Фондот ја дава на Западен Балкан е начин да се помогне во закрепнувањето, растот и подобрување на конкурентноста на економиите од Западен Балкан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот