Финска до 14 април го продолжи затворањето на границата со Русија

Граница меѓу Финска и Русија / Фото EPA-EFE/JANNE KURONEN

Финската влада ќе го продолжи затворањето на контролните пунктови долж границата со Русија до 14 април, соопшти финското Министерство за внатрешни работи.

Кон крајот на минатата година, Финска ја затвори својата источна граница со Русија поради зголемените пристигнувања на мигранти од земји како Сирија и Сомалија. Хелсинки ја обвинува Москва дека намерно ги насочува мигрантите кон границата, тврдење што Кремљ категорично го негира.

Финските власти имаат докази кои посочуваат дека повеќе мигранти ќе пристигнат од Русија доколку владата го укине затворањето на границите, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

„Блиску до границата, на руска страна, има стотици, можеби дури и илјадници мигранти кои чекаат можност да го продолжат својот пат кон Финска“, рече министерката за внатрешни работи Мари Рантанен.

Според финските гранични власти, вкупно 1.323 баратели на азил пристигнале во Финска од Русија помеѓу август и декември 2023 година. Во јануари, имиграциските власти во Финска соопштија дека не биле во можност да лоцираат 160 од мигрантите и дека најверојатно тие продолжиле кон друга европска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот