
Филмот на Алек Болдвин, на чие снимање беше убиена снимателката, наскоро ќе ја има својата премиера
Филмот „Rust“ ќе има премиера на полскиот филмски фестивал следниот месец, пишува „Си-ен-ен“. Три години откако кинематографката Халина Хачинс трагично почина на снимањето, светската премиера ќе се одржи на 23 ноември на фестивалот „EnergaCAMERIMAGE“, со панел дискусија на која ќе учествуваат режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, кинематографката Бјанка Клајн и Стивен Лајтхил, менторот на Халина од филмското училиште.
Препорачано
„Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на нејзината уметничка визија, колку и да беше предизвик за целата екипа, беше важно за филмскиот тим бидејќи се надеваат дека ќе ја исполнат својата должност да ја заврши нејзината работа“, стои во најавените проекции.
„Rust“ е приказна за 13-годишно момче кое е оставено да се грижи за себе и за својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг во 1880-тите. Тој оди во бегство со својот одамна отуѓен дедо, откако е осуден на бесење за случајно убиство на локален сточар. Болдвин нема да биде присутен на проекцијата.
Да потсетиме, Болдвин ја усмрти кинематографката Халина Хачинс во 2021 година, а на сетот беше ранет и режисерот Џоел Соуза. Му се закануваше затворска казна до 18 месеци за убиство од небрежност. Актерот се изјаснил за невин и рекол дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум.
Во јули оваа година тој беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност.