Филипините бараат да продолжи дијалогот со Кина за деескалација на тензиите во Јужното Кинеско Море

Фердинанд Маркос Јуниор/ Фото EPA-EFE/Peter Foley

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор ја повика Кина на разговори за да се спречат идни судири меѓу бродовите и употреба на водени топови во Јужното Кинеско Море.

„Филипинските официјални лица продолжуваат да се среќаваат со кинески високи претставници, обидувајќи да разговараат со кинеското раководство за да се избегне ескалација на тензиите во водата“, рече Маркос Џуниор.

Одбраната и вооружените сили на САД, Јапонија, Австралија и Филипините вчера извршија поморски вежби во филипинската ексклузивна економска зона во Јужното Кинеско Море.

Филипинскиот претседател рече дека се надева оти маневрите ќе помогнат да се деескалираат тензиите со Кина во спорните води.

Подоцна оваа недела, лидерите на Јапонија, Соединетите Американски Држави и Филипините ќе учествуваат на самит во Вашингтон на кој ќе разговараат за прашања како што се неодамнешните судири во Јужното Кинеско Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот