Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Филипче: Високиот број новозаразени се должи на кластер од конфекција во Штип

Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече министерот за здравство Венко Филипче.

– Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, таму каде што се најдени спорадични случаи вчера во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за да се намали ризикот од пренос на вирусот, рече Филипче вчера во гостување на ТВ Канал 5.

Појасни дека високиот број не е тренд, туку варијација затоа што, како што рече, јасно е идентификуван бројот на новодијагнсотицирани пациенти и јасно е утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот.

Во таа смисла, рече министерот, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период. Еден одреден процент, константен, во однос на вкупниот број на новодијагнсотицирани отпаѓа на град Скопје, а сите други се низ државата.

Во однос на постизборните собири, но и забавите по клубовите, Филипче потенцираше дека постојат протоколи за секој настан, секоја организација, без разлика дали е на отворено или на затворено.

-Сите мора да се свесни дека тоа е новиот начин на функционирање. И во затворена просторија кога се организираат едукации, полагања испити итн, се седи на дистанца и се носат маски. На отворено капацитетите се најмногу 50 отсто исполнети, со јасно обележани места каде треба да стојат луѓето. И на отворено, кога има концентрација на луѓе, мора да се носат маските, рече Филипче.

Тој посочи дека мора да има поголеми контроли дали се почитуваат мерките и протоколите. Смета дека во целокупниот систем тоа сериозно заостанувало или не се извршувало и нагласи дека мора да се прави поригорозно, поинтензивно на терен да се прави увид и контрола, да се проверува дали се почитуваат протоколите.

-Ние не можеме да живееме затворени, не може ниту една земја во светот да живее затворена. Единствена дополнителна мерка на тоа што сега е во сила е рестрикција во движењето, што може многу лесно да се избегне ако се почитуваат мерките, потенцираше Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот