Филипче уверува: И да се разболи некој од Владата од Ковид, државата ќе функционира!

Министерството за здравство уште на почетокот на март разговарало за повеќе сценарија како ќе се менаџира државата во случај некој од функционерите на владата да се разболи од коронавирус, објасни на денешната прес конференција министерот за здравство доктор Венко Филипче, одговарајќи на прашањето на Слободен печат што ќе се случи во таква ситуација со функционирањето на системот и дали има некаков кризен план за таква хипотетичка состојба.

-Ние во рамките на нашиот тим во Министерството за здравство некаде на почетокот на март разговаравме за оваа работа, гледаме многу примери во странство. Сакам да кажам дека постојат повеќе сценарија, едни сценарија во кои што навистина дел од инволвираните во целиот овој процес на менаџирање може и во ситуација или состојба на самоизолација да ги менаџираат работите. Се надеваме, дека нема да дојде до некоја посериозна форма, но ако тоа се случи разговаравме и кој ќе биде на тоа место. Меѓутоа, системот на заменици на министри и на директори на институции е тој кој што е практично вовлечен и целосно вклучен во целиот овој систем, во смисла на секојдневни консултации и разговори. Така да, сакам да кажам јасно и да ги уверам граѓаните, дека и во такво сценарио целокупниот систем добро ќе продолжи да функционира и институциите ќе продолжат да ја вршат својата работа, рече министерот Филипче.

Во светот дијагностицирани со Ковид 19 се луѓе од сите професии, но најповеќе на удар на невидливиот непријател се здравствените работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот