Филипче: Мобилната болница ќе има 130 кревети, начинот на закажување на тестирање дозволува алгоритам на итност

Нема автохтоно жариште, апсолутно сите луѓе кои одат во карантин се прегледани од епидемиолог и интернист. Има пациенти со покачена телесна температура, сите се тестирани и се негативни. Тој процес е под контрола на здравствените работници.

– Заеднички страв е дека нема потреба од тест, туку 14 дена самоизолација. Во однос на терапијата, сите ќе ја добијат, нема недостаок од одредена терапија. Во овој момент се организира начинот на превоз од домашно лекување на Клиниката за инфективни болести. Терапијата треба да трае 5 дена. Сакаме да избегнеме давање домашни услови, вели Филипче.

Во однос на процедурите кон матичните лекари и аптеките, се поедностави овој дел за хроничните рецепти. Веќе е предложена и прифатена мерката тоа да се обавува телефонски.

– До денес има три деца хоспитализирани, две се во домашно лекување и момче 15 годишно на Инфективна. Болницата која ќе биде поврзана со Инфективна е вона болница, Градот Скопје го обезбеди просторот. Капацитетот е 130 кревети, сосема доволен капацитет. На располагање се здравствени работници од други клиники, рече филипче и додаде дека во начинот на закажување на овие тестирања во пунктовите, електронскиот систем дозволува алгоритам на итност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот