Фото: ФФМ

ФФМ по реакцијата на Вардар: Имаме ист однос кон сите клубови

Фудбалскиот клуб Вардар вчера реагираше на одлуката на ФФМ билетите за натпреварот против Детонит да се продаваат само со физичко присуство. Од Вардар обвинуваа дека на тој начин придонесуваат натпреварот да се одигра пред помал број на гледачи.

Денеска како одговор на вчерашната реакција на црвено-црните се огласија од Фудбалската федерација на Македонија.

Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:

Фудбалската федерација на Македонија како организатор на бараж натпреварот ВАРДАР – ДЕТОНИТ Плачковица за пополнување на Прва МФЛ праќа информација во врска со организацијата, продажбата и распределбата на билети за натпреварот закажан на 26. мај на стадионот “Благој Истатов” во Струмица.

– На состанокот во “Куќа на фудбалот” беше прифатен предлогот на ФК Вардар, Струмица и стадионот “Благој Истатов” да биде домаќин на натпреварот.

– ФФМ даде предлог и истиот беше прифатен од претставниците на клубовите (Влатко Колев – ФК Вардар и Игор Чапев – ФК Детонит Плачковица), двата клубови да добијат по 50 гратис билети за натпреварот.

– Клубовите беа согласни со одлуката билетите да бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MK Tickets.

– На состанокот, исто така, беше прифатен предлогот, јужната трибина на стадионот “Благој Истатов” целосно да се стави на располагање на навивачите на ФК Вардар, а доколку е потребно, да се обезбедат услови за отворање и на трибина зад головите.

Фудбалската федерација на Македонија е организатор на натпреварот и има еднаков однос и третман кон сите клубови – учесници во натпреварувањето. Нашата, а веруваме и целта на сите клубови е преку фер и спортска игра да ги достигнеме целите за кои се бориме. Фер и спортски.

Посакуваме добар натпревар во вистинска фудбалска атмосфера. Нека се радува подобриот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот