ФФМ им додели лиценци на 10 клубови за учество во УЕФА клупските натпреварувања за сезона 2024/25

Фото: ФФМ

Одделението за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 во кое се пријавија десет клубови (ФК Струга Т.Љ., ФК Македонија Ѓ.П., ФК Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи, ФК АП Брера, ФК Тиквеш, КФГ Гостивар и ФК Воска) од Прва МФЛ и четири клубови (ЖФК Љуботен, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Тиверија, ЖФК АСС Јунајтед) од Прва ЖМФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 на клубовите:

1. ФК Струга Трим Љум – Струга

2. ФК Тиквеш-Кавадарци

3. ФК Работнички – Скопје

4. ФК Воска -Охрид

5. ФК Шкендија – Тетово

6. ФК Шкупи 1927 – Скопје

7. ФК АП Брера-Струмица

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 на клубовите од Прва ЖМФЛ:

1. ЖФК Љуботен – Тетово

2. ЖФК Каменица Саса – Македонска Каменица

3. ЖФК Тиверија – Струмица

ЖФК АСС Јунајтед се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2024/25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот