Фото: Pexels

Феноменален метод на древните мудреци: Еве како веднаш да препознаете добра личност, едно е клучно

Ако се чувствувате како лош судија за луѓето, особено кога станува збор за нивната добрина, некои совети од древните мудреци би можеле да ви помогнат.

„Добриот човек не можете да го препознаете по она што го кажува, или по изгледот, туку по атмосферата што се создава во негово присуство. Тоа е доказ. Затоа што никој не може да создаде атмосфера што не му припаѓа на неговиот дух“. (суфијска изрека)

Прво можете да препознаете личност по енергијата што е околу него, како се чувствувате во негово присуство. Дури и кога некој се преправа, се обидува да биде претерано фин, но всушност има лоши мисли и намери, можете да го почувствувате тоа.

Во овој процес, најважно е да ја следите вашата интуиција, тоа чувство во стомакот што се буди кога нешто не е во ред.

Никогаш не го игнорирајте.

Кога некоја личност околу вас создава атмосфера на пријателство, љубов и прекрасна енергија, таква што сакате да се зближите со неа и повторно да ја видите, добивате чувство дека е добра личност, некој на кој можете да му верувате и кој вреди.

За жал, енергијата се менува, исто како што се менуваат луѓето. Но, кога се среќавате со луѓе, една работа е пресудна – дали се чувствувате добро или лошо во друштво на таа личност.

И секако, за да заклучите дали некој е навистина добар или лош, треба подлабоко да го запознаете, но за да му дадете шанса на некого да биде дел од вашиот живот, прво е потребно е прво да обрнете внимание на енергијата која ја чувствувате во негово присуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот