
Федералниот суд во Калифорнија пресуди: Администрацијата на Трамп незаконски распореди војска во Лос Анџелес
Федералниот суд во Калифорнија пресуди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прекршила федералниот закон со распоредувањето на активен персонал на Националната гарда и Морнаричкиот корпус во Лос Анџелес ова лето како одговор на протестите против имиграциските политики, пренесе Си-Би-Ес Њуз.
Препорачано
Половина од Националната гарда распоредена во Лос Анџелес се повлекува
Судијата Чарлс Брејер, во пресуда од 52 страници, оцени дека со тоа е нарушен Законот од 1878 година, кој забранува употреба на војската за спроведување на домашното право. Сепак, тој истакна дека администрацијата може законски да користи трупи за заштита на федерален имот.
Судијата одложи стапување во сила на забраната до 12 септември, оставајќи простор администрацијата на Трамп да поднесе жалба пред Апелациониот суд.
Пресудата следи по тридневното судење во случајот покренат од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, во јуни оваа година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
10мин
-
18мин
-
34мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5