Федерална инспекција на БИХ забрани увоз на 600 детски кукли Мики Маус

Фотографија: YouTube

Федералната санитарна инспекција забрани увоз на пратка од 600 детски кукли Мики Маус со потекло од Кина на царинскиот пункт Мостар – Родоч, поради неисполнување на условите за увоз, соопшти Федералната управа за инспекциски работи, објави Кликс.ба.

Во процесот на инспекциски надзор при увоз на предмети од општа употреба чие царинење се врши на царинското место Мостар-Родоч, земени се мостри од контролираниот производ, при чија хемиска анализа е утврдено дека не соодветствува на одредбите од Правилникот за условите во однос на здравствената способност на предметите од општа употреба што можат да се пуштат во оптек.

Согласно одредбите од Законот за здравоста на прехранбените производи и артиклите за општа употреба, забранет е увоз на контролирана пратка со вкупна тежина од 120 килограми и се наредува да му се врати на испраќачот или да се уништи во пропишан начин во случај да не е можно враќање, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот