Мобилните телефони можат да бидат злоупотребени од кинеските власти/ фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

ФБИ им порача на олимпијците: Оставете ги телефоните дома бидејќи ќе ве следат и прислушуваат

Пекинг од 4 до 20 декември ќе биде во центарот на спортската јавност бидејќи е домаќин на Зимските олимписки игри, но Американците стравуваат од кибернетски напади на мобилните телефони на натпреварувачите.

Повеќе од 3.000 спортисти, меѓу кои и тројца Македонци, Ставре Јада, Дардан Дехари и Ана Цветановска ќе настапат на Игрите во Пекинг, и ФБИ ги предупредува сите нив дека би требало мобилните телефони да ги остават дома и во Пекинг да користат привремени уреди, пишува Би-би-си.

Федералното истражно биро стравува од кибернетски напади, односно се сомнева дека кинеските власти преку мобилните телефони би ги следеле спортистите, би ги уценувале, би ги оневозможиле да ги користат истите како и дека се подложни а инсталација на штетен софтвер и кражба на податоци.

„ФБИ ги предупредува сите спортисти да ги остават своите мобилни телефони дома и да користат привремени уреди додека се на Игрите. Немаме информација дека се подготвува некоја посебна закана, но ги поттикнуваме да бидат внимателни“, соопшти ФБИ.

Некои национални олимписки комитети самоиницијативно ги советуваа своите спортисти да не ги носат мобилните телефони со нив во Пекинг.

Компанијата „Ситизен Лаб“ која се занимава со интернет безбедност, откри дека службената апликација за Олиписките игри која учесниците и навивачите на Игрите треба да ја имаат поради корона протоколите, не е безбедна кога станува збор за заштита на личните податоци и документи во уредите.

Официјален Пекинг веднаш ги отфрли сите обвинувања и порача дека Зимските Олимписки игри за чија организација потроши 3.5 милијарди евра, се безбеди за спортистите и гледачите.

Во исто време, организациите за човекови права го поддржаа дипломатскиот бојкот на одредени земји поради третманот кој го имаат Ујгурите во Кина. САД, Канада, Австралија и Обединетото Кралство вема да испратат дипломатски претставници во Пекинг на свечената церемонија за отворање на Игрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот