Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФБИ ги пребара документите на Бајден на Универзитетот во Делавер
ФБИ спроведе два претреса во последниот месец на Универзитетот во Делавер за да провери дали американскиот претседател Џо Бајден донирал документи кои би можеле да бидат доверливи. Истражителите извадија повеќе кутии од колеџот во два различни дена, објави „Си-Би-Ес“.
Препорачано
Универзитетот содржи илјадници кутии со досиеја поврзани со Бајден од неговото време во Сенатот. Документите означени како класифицирани се пронајдени во последните месеци во домот на Бајден во Делавер и во канцелариите што ги користел во Вашингтон. ФБИ откри некои од досиејата за време на претресот на неговата приватна резиденција во Вилмингтон минатиот месец.
Извори запознаени со истрагата изјавија за „Си-Би-Ес“ дека претресите на Универзитетот во Делавер биле извршени на крајот на јануари и почетокот на февруари. Изгледа дека пронајдениот материјал нема класифицирани ознаки, но ФБИ сега ги разгледува досиејата.
Како и со претходните претреси, Бајден и неговиот тим се согласија, што значи дека не е потребен налог, според пишува „Ен-Би-Си“. Колеџот доби 1.850 кутии со досиеја од Бајден во 2012 година, меѓутоа, тие досиеја оттогаш не се достапни за јавноста.
Личниот адвокат на Бајден, американското Министерство за правда и Универзитетот во Делавер сè уште не коментираат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
39мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5