Фото: Принтскрин - Инстаграм

Фановите разочарани: Хенри Кавил ја напушта серијата „Вештерот“

Британскиот актер Хенри Кавил повеќе нема да биде дел од актерката екипа на серијата „Вештерот“, а на негово место ќе дојде холивудската суперѕвезда Лиам Хемсворт.

Моето патување како Гералт од Ривија е исполнето и со чудовишта и со авантури, и за жал, ги оставам мојот медалјон и моите мечеви за четврта сезона. Волк. Како и со најголемите литературни ликови, го предавам факелот со почит за времето поминато. Лиам, добар господине, овој лик има толку прекрасна длабочина во себе, уживајте во нуркањето и гледањето на се она што може да го најдете, напиша Хенри Кавил на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

Засега критиките се негативни поради оваа промена, пишува „Дејли мејл“.

„Целото шоу треба да се откаже“, „Не можам да верувам дека Хенри Кавил повеќе не е во серијата Witcher“, беа дел од коментарите на разочараните фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Hemsworth (@liamhemsworth)

„Се враќам како Супермен“: Британскиот актер Хенри Кавил повторно во својот црвено-син костим

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот