Фабијан Руиз четири години го носеше дресот на Наполи/фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фабијан Руиз станува „светец“

Францускиот шампион ПСЖ го договори трансферот на Фабијан Руиз од Наполи кој треба да ја засили средината на теренот.

Двата тима се договорија за отштетата, таа ќе изнесува 25 милиони евра, а Шпанецот со „светците“ ќе потпише петгодишен договор. Првично Наполи бараше 30 милиони евра, додека ПСЖ нудеше 10 милиони помалку, но на крајот пресуди желбата на фудбалерот да се пресели во Париз и двата тима се најдоа на средина.


Руиз претходно ги договори личните услови со францускиот тим и ќе инкасира по шест милиони евра годишно.

Фабијан Руиз во Наполи пристигна од Бетис во 2018 година и за итлаијанскиот тим одигра 125 натпревари и даде 18 гола. Руиз има и 15 настапи за репрезентацијата на Шпанија и има постигнато еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!