Европската комисија формира Канцеларија за вештачка интелигенција, прва од ваков вид во светот

Вештачка интелигенција/ Фото: GORODENKOFF PRODUCTIONS / Sciencephoto / Profimedia

Европската комисија денеска најави формирање на Канцеларија за вештачка интелигенција (ВИ) која ќе биде составена од експерти за спроведување на новиот закон во ЕУ, прв во светот кој може да постави глобален стандард за регулирање на вештачката интелигенција.

Советот на Европската унија претходно, на 21 мај, го потврди Законот за вештачка интелигенција, првиот таков закон во светот со цел да се поттикне развојот и прифаќањето на безбедни и сигурни системи за вештачка интелигенција на единствениот пазар на ЕУ, и Истиот закон беше изгласан на 13 март во Европскиот парламент.

Во исто време, тој има за цел да обезбеди почитување на основните права на граѓаните на ЕУ и да ги поттикне инвестициите и иновациите во областа на вештачката интелигенција во Европа, а ќе се однесува само на области опфатени со законодавството на ЕУ и ќе обезбеди исклучоци како што се користените системи исклучиво во воени и одбранбени цели и за истражувачки цели.

Во новата канцеларија во Брисел, како што соопшти Комисијата, ќе бидат вработени 140 експерти од областа на технологијата како и правници и економисти.

„Канцеларијата ќе промовира европски екосистем на иновативна вештачка интелигенција кој е конкурентен и ги почитува правилата и вредностите на ЕУ“, рече европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот