фото: kfsm.mk

Евролигашки гиганти во трка за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ

Еден од најдобрите македонски кошаркари Ненад Димитријевиќ изминатиот период спогодбено го раскина договорот со Валенсија Баскет од Шпанија.

Оваа сезона блескаше како позајмица во рускиот клуб Уникс Казан блескаше со своите игри со кои придонесе неговата екипа да го освои трофејот во ВТБ лигата и воедно да биде прогласен за најкорисен играч во финалната серија.

Нашиот плејмејкер го привлекува вниманието на доста клубови ширум Европа, меѓу нив кои настапуваат во најквалитетната кошаркарска Евролига.

Се шпекулира дека Димитријевиќ има понуди од Баерн Минхен, Басконија, Фенербахче и Партизан.

Сегашниот клуб Уникс Казан посакува да го задржи Македонецот и следната сезона, а во трка за неговиот потпис е и Зенит Ст. Петерсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот