фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Евролига: Црвена звезда без Кампацо, но со одличниот Петрушев ја надигра Валенсија

Денеска во рамките од 17 коло во кошаркарската Евролига составот на Црвена звезда славеше на гостувањето кај Валенсија со 75:77.

И покрај тоа што во составот на белградските „црвено-бели“ не беа Лука Вилдоза, Никола Ивановиќ и Хасан Мартин, како и неможноста да се регистрира најскапиот играч на клубот, Факундо Кампацо, српската екипа успеа да дојде до триумфот во Шпанија.

За деветтата евролигашка победа сезонава најзаслужен беше Филип Петрушев со 26 поени (девет скокови). На спротивната страна Крис Џонс запиша 16 поени (по пет скокови и асистенции).

На табелата Црвена звездда е на 10 позиција (9-8), додека Валенсија е на 13 место (7-10).

Во другите денешни мечеви: Анадолу Ефес – Лион Вилербан 78:72, Олимпијакос – Олимпиа Милано 82:66 и Реал Мадрид – Макаби Тел Авив 98:65.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот