Фото: Evgenij Pop Acev/FB

Евгениј Поп Ацев е третиот најбрз маратонец преку Ла Манш годинава, од 35 пливачи

Македонскиот маратонец постигна одлично време во својот подвиг

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев (37) е третиот најбрз маратонец кој го преплива Ла Манш годинава (досега), од вкупно 35 машки пливачи.

Поп Ацев го преплива Ла Манш во правец Англија – Франција поаѓајќи од Довер, а на целта доплива кај местото Одинген во Франција. За тоа му требаше време од девет часа и 43 минути.

Најбрз годинава бил Чехот Јакуб Качеровски кому му требале 9:10 часа, а зад него е Британецот Барнаби Рајдер кој го препливал „каналот“ за 9:42 часа.

Сите други биле значително побавни од Поп Ацев.

Најкраткото растојание преку Ла Манш е 32 до 34 километри, но повеќето пливачи поминуваат значително поголема дистанца, затоа што километражата зависи од јачината на струите и од временските услови што во тој момент делуваат, а можат да се разликуваат, од препливување до препливување.

На мапата е означена патеката по која пливал Поп Ацев.

Eвгениј Поп Ацев стана само петтиот Македонец кој го препливал Ламанш

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот