Евакуирани учениците од две основни училишта во Скопје – „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“

Поради дојава за поставена бомба, учениците од две основни училишта во Скопје, ОУ „Лазо Ангеловски“ и ОУ „Александар Македонски“ биле евакуирани утринава, информираа во редакцијата на „Слободен печат“ родители. Мајка на ученик во ОУ „Александар Македонски“ за нашата редакција вели дека на првиот училишен час, на сите во училиштето им било кажано да излезат веднаш надвор и да ги земат со себе само јакните. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во изјава за „Слободен печат“ вели дека дојавите за наводно поставена бомба, пристигнале во повеќе основни и средни училишта и дека се работи на проверките.

Мајка на ученичка од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром тврди дека кога утринава ја однела ќерка си на настава, во училишниот двор веќе биле сите деца и кажано им било да си одат дома, бидејќи ноќеска пристигнала закана за бомба. Евакуирани биле и учениците од центарската гимназија „Јосип Броз Тито“.

 

Голем број училишта во повеќе хрватски градови вчера добија пријави за закани со бомби, слични на оние што ги добиваат училиштата во земјите од Европска Унија, а медиумите неофицијално јавија дека заканите биле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.

Имаше 85 вакви пријави, а полициските службеници досега исклучија 60 училишта, така што наодите се негативни. Серверот е надвор од Хрватска и во тек е криминалистичко истражување, изјави вчера хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот