фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите во ЛШ: Барса, ПСЖ и Магдебург доаѓаат во Битола

Денеска во Виена, Австрија, со жрепка беа извлечени групите за машката ракометна Лига на шампиони за натпреварувачката сезона 2025/26.

Актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер се најде во групата Б заедно со Висла Плоцк (Полска), Барса (Шпанија), ПСЖ (Франција), ГОГ (Данска), Пик Сегед (Унгарија), Загреб (Хрватска) и Магдебург (Германија) кој ќе ја брани титулата од минатата сезона.

Во групата А ќе играат: Алборг (Данска), Фуксе Берлина (Германија), Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска), Нант (Франција), Спортинг (Португалија), Динамо Букурешт (Романија) и Колстад (Норвешка).

Официјално сезоната започнува во септември, а првото коло е закажано за 10/11 септември 2025 година. Битолскиот клуб дополнително ќе ја извести јавноста за распоредот на натпреварите.

Потсетување дека Еурофарм Пелистер беше една од екипите која доби „вајлд-карта“ од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот