ЕУ со најостра осуда за експлозиите во иранскиот град Керман

Фото: Profimedia

Европската Унија најостро ги осудува експлозиите во иранскиот град Керман, наведе денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во писмената изјава по повод вчерашниот инцидент во кој според последните податоци загинаа 84 лица.

„Овој шокантен чин на терор чинеше животи на невини цивили и многу повредени. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства“, наведе Борел во кусата изјави.

Експлозиите се случија во градот Керман во југоисточниот дел на Иран, во близина на гробот на влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани за време на комеморативната церемонија по повод четвртата годишнина од неговата смрт. Досега никој не презеде одговорност за експлозиите.

Што се знае за терористичкиот напад во Иран?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот