ЕУ: Сè е поизвесно дека борбените авиони Ф-16 ќе завршат на украинскиот фронт

Тоа што САД дадоа зелено светло на украински пилоти да им се овозможи обука за летање на Ф-16, создаде моментум што неизбежно ќе донесе борбени авиони на украинскиот фронт, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

„Знаете, секогаш е исто, разговараме, на почетокот сите се колебливи“, изјави Борел.

Тој даде пример за долгата дебата и првичното противење за испраќање напредни борбени тенкови Леопард во Украина. Борел рече дека обуката за украинските пилоти веќе е започната во Полска и во некои други земји.

Таква обука планираат и Холандија, Данска и други земји.

Не е донесена одлука за вистинската испорака на борбени авиони од четвртата генерација, но сегашната обука на пилоти, процес кој обично трае неколку месеци, ќе помогне да се забрза борбената готовност откако ќе се донесе формална одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот