Eспер: Очекуваме нови провокации од проирански групи, но тие веројатно ќе ЗАЖАЛАТ за тоа

Началникот на Генералштабот на американската армија генерал Марк Мили истакна дека американската Амбасада во Багдад е добро заштитена.

САД очекуваат нови напади во Ирак на паравоени сојузници на Иран, кои веројатно ќе „зажалат” за овие потези, изјави шефот на Пентагон, Марк Еспер, по нападот врз американската Амбасада во Багдад и смртта на Американец во Киркук.

– Провокациите траат со месеци… Мислам дека ќе направат нешто. Да, и тие веројатно ќе зажалат за тоа – изјави американскиот министер за одбрана.

– Ние сме подготвени да се одбраниме и подготвени сме да спречиме нови нездрави однесувања на овие групи, водени и финансирани од Иран – додаде тој.

Ако САД имаат информации за подготовките за нови напади, „ние ќе преземеме превентивни мерки за заштита на американските сили и американските животи”, заклучи тој.

Началникот на Генералштабот на американската армија генерал Марк Мили истакна дека американската Амбасада во Багдад е добро заштитена.

. Проирански демонстранти во вторникот ја нападнаа американската Амбасада во Багдад протестирајќи против американски напади врз позиции на Бригадите Хезболах, фракција кои Вашингтон ги обвинува за ракетниот напад во петокот.

Проирански демонстранти во вторникот ја нападнаа американската Амбасада во Багдад протестирајќи против американски напади врз позиции на Бригадите Хезболах, фракција кои Вашингтон ги обвинува за ракетниот напад во петокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот