Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Ерменија го замрзна членството во ОДКБ
Ерменија го замрзна своето членство во Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија, бидејќи овој сојуз ја изневери земјата, изјави премиерот Никол Пашинјан.
Препорачано
Пашинјан, исто така, кажа дека Азербејџан, земјата со која Ерменија водеше две војни во изминатите три децении, не се придржува до принципите потребни за склучување на долгорочен мировен договор и посочи дека Азербејџан се подготвува да изврши нов напад.
Пашинјан во интервју за телевизијата Франс 24, што беше емитувано синоќа, кажа дека ОДКБ, во која доминира Русија, ја изневери Ерменија.
-Договорот за колективна безбедност не ги исполни своите цели што се однесува до Ерменија, особено во 2021 и 2022 година, кажа Пашинјан преку преведувач. „Сега практично го замрзнавме нашето учество во овој договор. Што се однесува до нашите следни чекори, ние ќе треба да видиме“, додаде тој.
Ерменскиот премиер во интервјуто кажа и дека во моментов нема разговори за затворање на руската база во Ерменија. Тоа прашање е предмет на различни договори.
Кремљ денеска соопшти дека Русија планира да контактира со Ерменија и дека и се потребни повеќе детали.
„Ерменската страна не презеде официјални чекори во врска со тоа“, додадоа оттаму, мислејќи на наводното замрзнување на нејзиното учество во ОДКБ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
25мин
-
45мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5