Ердоган вели дека духот на ОН во Газа е мртов

Претседателот на Турција Ердоган/ЕПА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека „духот на Обединетите нации во Газа е мртов“, истовремено повикувајќи го исламскиот свет да реагира по израелските напади врз камповите во Рафах, во кои се сместени раселените Палестинци.

-ОН не успеваат да го заштитат ниту сопствениот, ниту хуманитарниот персонал. А зошто уште чекате за да дејствувате. Духот на Обединетите нации во Газа е мртов, рече Ердоган пред претставниците на неговата партија.

Заедно со обвинувањата за слабоста на меѓународната институција, претседателот на мнозинската муслиманска држава со 85 милиони жители ги повика и своите колеги од исламскиот свет.

-Сакам да упатам неколку зборови до исламскиот свет: А што уште чекате за да донесете заедничка одлука? Господ ќе нè смета нас и вас за одговорни, рече тој, додавајќи дека „Израел не е само закана за Газа, туку и на целото човештво“.

„Ниту една земја не е безбедна додека Израел не го почитува меѓународното право и не разбере дека меѓународното право е обврска. Ова важи и за Турција“, додаде Ердоган.

-Израел и оние кои го поддржуваат се надеваат дека ќе го заборавиме овој геноцид, но овој геноцид нема да биде заборавен, предупреди турскиот претседател, посочувајќи дека „нема да се заборават убиствата на бебиња, деца, нападите насочени кон болници, цркви и џамии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот