Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин
Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин / 5 август 2022 / Фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Ердоган и Путин разговараа телефонски: Турција подготвена да биде домаќин на нова рунда преговори меѓу Русија и Украина

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, денеска разговараа телефонски за повеќе прашања – меѓу нив и ситуацијата во Украина, Сирија, како и за билатералната соработка меѓу двете земји, пренесува ТАСС.

Како што соопшти кабинетот на турскиот претседател, Ердоган нагласил дека е важно што поскоро да се започне третата рунда директни преговори меѓу Русија и Украина и изразил подготвеност Турција повторно да биде домаќин на тие разговори во Истанбул, штом двете страни се договорат за соодветен датум.

„Претседателот Ердоган посочи дека Турција ќе продолжи да ги поддржува мировните напори и ќе го понуди Истанбул како место за идните преговори“, се наведува во соопштението.

Во разговорот, турскиот лидер се осврнал и на состојбата во Сирија. Изразил загриженост поради судирите кои избија по повлекувањето на сириските безбедносни сили од областа Ас-Сувајда, оценувајќи дека тие конфликти претставуваат закана за поширокиот регион.

„Ердоган истакна дека е од суштинско значење Израел да не го нарушува сирискиот суверенитет и дека Турција е посветена на обезбедување стабилност и безбедност во Сирија, како и на нејзино што побрзо закрепнување“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот