Епл не сака да заостане во трката за ВИ: Четџипити ќе ги зајакне ајфоните

Светска конференција на Епл / Фото EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Епл реши да го зајакне својот гласовен асистент Сири и оперативните системи со Четџипити на ОпенАИ додека се обидува да се израмни во трката за вештачката интелигенција.

Производителот на ајфони го објави ажурирањето на Сири заедно со голем број други нови функции на својот годишен саем за програмери. Тоа е дел од новиот персонализиран систем за вештачка интелигенција – наречен „Епл Интелиџенс“ – кој има за цел да им понуди на корисниците начин за полесна навигација на уредите на Епл.

Ажурирањата на неговите оперативни системи ајфон и мек ќе овозможат пристап до Четџипити преку партнерство со развивачот ОпенАИ. Четџипити може да се користи и за зајакнување на други алатки, вклучително и генерирање текст и содржина. Тест верзијата ќе стане достапна наесен.

Тим Кук, извршен директор на Епл, рече дека овој потег ќе ги доведе производите на неговата компанија „до нови височини“ додека ја отвори светската конференција за програмери во седиштето на технолошкиот гигант во Купертино, Калифорнија.

Најавата не беше поздравена од сите. Илон Маск, сопственикот на Тесла и Икс, се закани дека ќе ги забрани ајфоните во неговите компании поради „безбедноста на податоците“.
„Епл нема поим што всушност се случува откако ќе ги предадат вашите податоци на ОпенАИ“, напиша Маск на Икс. „Тие ве фрлаат во реката“.

Епл се соочи со притисок да воведе нови функции за вештачка интелигенција на своите производи по брзиот пораст на ривалите кои ја прифатија технологијата.

Откако го престигна Мајкрософт како највредна компанија во светот во јануари, Епл повторно беше претекнат од Нвидиа на почетокот на јуни.

Бен Вуд, главен аналитичар во ЦЦС Инсајт, рече дека иако новиот личен систем за вештачка интелигенција на Епл „треба да помогне да се смрат нервозните инвеститори“, неговата интеграција Четџипити може да открие и да создаде подлабоки проблеми за фирмата.

„Веројатно ова покажува дека Епл ги признава своите ограничувања со оглед на тоа што Четџипити ќе започне во момент кога Сири веќе не може да му помогне на корисникот“, рече тој за Би-Би-Си.

Епл во голема мера беше отсутен во лавината производи со вештачка интелигенција објавени од технолошки фирми во последниве месеци. Кук им кажа на инвеститорите во 2023 година дека компанијата внимателно ќе пристапи кон технологијата. Во понеделникот, тие планови конечно беа поставени.

Што е „Епл интелигеџенс“?

„Епл интелигеџенс“ не е производ ниту апликација сама по себе. Ќе стане дел од секоја апликација и производ на Епл што ги користат клиентите – без разлика дали станува збор за помошник за пишување што ги усовршува вашите нацрти на пораки или вашиот дневник кој ќе може да ви ја покаже најдобрата рута за да стигнете до следниот состанок.

Во таа смисла, тој е сличен на помошникот за вештачка интелигенција на Мајкрософт, Копајлот – но нема да мора да плаќате дополнително за да го активирате. Сири, гласовниот асистент што Епл го купи во 2010 година, е освежен со нов интерфејс и поговорен пристап за да им помогне на корисниците да се движат побезпречно со своите уреди и апликации.

Епл сакаше да ја нагласи безбедноста на „Епл интелигеџенс“ за време на воведниот говор во понеделникот. Одредена обработка ќе биде извршена на самиот уред, додека поголемите дејства кои бараат поголема енергија ќе бидат испратени до клаудот – но нема да се складираат податоци таму, велат од компанијата. Ова е од витално значење за клиентите кои плаќаат премиум цени за ветувањата за приватност на Епл.

Системот „ги става моќните генеративни модели во основата на уредите на Епл, рече постариот потпретседател за софтверско инженерство на Епл, Крег Федериги.

„Тоа се потпира на вашиот личен контекст за да ви даде интелигенција што е најкорисна и најрелевантна за вас, и ја штити вашата приватност на секој чекор“.

Што значи договорот ОпенАИ и Епл?

Одлуката на Епл да ја интегрира технологијата Четџипити на ОпенАИ беше нашироко очекувана, но тоа е невообичаен потег за компанија која толку внимателно ги чува своите производи.
Гугл и Мајкрософт неодамна се соочија со истраги поради грешките направени од нивните производи со вештачка интелигенција во последните месеци, при што гигантот за пребарување врати нова функција во мај, откако нејзините погрешни одговори станаа вирални.

Со години Епл исто така одбиваше да им дозволи на своите клиенти да преземаат какви било апликации надвор од Ап Стор со образложение дека тие можеби не се безбедни и нема да дозволи ниту еден веб-прелистувач освен сопствениот Сафари од истата причина.

Се промени само кога беше принудено од законодавството на ЕУ. Дали е знак на признавање дека дури и Епл не може да се натпреварува со Четџипити во моментов? Ако е така, тоа ни кажува многу за моменталната моќ на ОпенАИ.

Фирмата рече дека ќе интегрира други производи во иднина, но не именуваше ниту еден. Епл објави дека нивниот производ Вижон про ќе биде пуштен во продажба во Велика Британија на 12 јули. Достапен е во САД од февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот